ЗНМ: Новинарството не е злосторство – Стоп за SLAPP тужбите

Заштитата на новинарите од т.н. SLAPP тужби (стратегиски тужби против учество на јавноста) претставува еден од клучните приоритети за зајакнување на медиумските слободи и демократските процеси во Европа и Македонија, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Во таа насока, ЗНМ ја истакнува важноста од следење на насоките на Советот на Европа и примената на добрите практики од земјите-членки на Европската Унија, со цел воспоставување ефикасни механизми за правна заштита на новинарите од злоупотреби преку судски процеси.

„ЗНМ останува посветено на унапредување на правната рамка која ќе обезбеди заштита на новинарската работа од притисоци и заплашувања“, посочуваат од Здружението.

Воедно, информираат дека претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, оствари средба со Рикардо Гутиерез, генерален секретар на Европската федерација на новинари (EFJ), на која биле разменети искуства и поддршка за иницијативите токму против SLAPP тужбите и нивната имплементација и во Македонија.

Фото: ЗНМ