Седмото издание на циклусот „Клинци“ продолжува на 30 мај (петок) со почеток во 20 часот во Јуроп хаус во соработка со „Култура Бета“.
„Клинци е циклус од мултимедијални настани во чии рамки се претствуваат млади книжевници и визуелни уметници. На секое издание може да чуете поезија и проза од четворица млади автори, како и да погледнете изложба од млад уметник“, стои во најавата за настанот.
Овојпат на „Клинци“ ни читаат: Ана Тодоровска, Гала Матевска, Ана Шапкарова, Светла Јакшиќ.
Воедно, своја изложба ќе има уметницата Сара Митковска.
Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.
„Ве очекуваме сите млади, но и повозрасни, клинци и неклинци – повелете!“, се вели во најавата.