„Светот што го избрав“ („Или-или) од Калина Малеска е „Роман на годината“ според Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“. Наградата ќе се додели во среда, 28 мај, со почеток во 20 часот во просторот на бифето на Драмскиот театар во Скопје.
Одлуката ја донесе жири-комисијата составена од Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева.
На свеченоста по повод доделување на наградата ќе настапи и џез бендот на Гоце Стевковски.
Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ во вредност од 150.000 денари.
Годинава наградата „Роман на годината“ се доделува по 26-ти пат.
Минатогодишен лауреат беше романот „Единствен матичен број“ („Три“) на Лидија Димковска.