Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повикува сите студенти, рекреативци и љубители на природата на бесплатна еднодневна тура на Водно во Скопје, која ќе се одржи утре (11 мај).
„Целта на оваа тура е промоција на физичкото здравје и планинарење меѓу студентите“, велат од УСС-УКИМ.
Од таму појаснуваат дека рутата тргнува од ООУ „Кочо Рацин“ до Средно Водно и потоа до Врв Водно.
На Средно Водно ќе има едукативно предавање на Даниел Трбогазов на тема „Трансформација во три чина: исхрана, тренинг и навики“.
„Можност за скратување на турата по предавањето. Турата е целосно бесплатна“, соопштува УСС-УКИМ.
Од таму потенцираат на еден важен аспект – враќањето е индивидуално, секој сам си го планира патот назад.
УСС-УКИМ на заинтересираните за турата им препорачува да си понесат планинарски чизми/патики, облека според временските услови, кабаница/шушкавец, задолжително вода 1.5 – 2 литра, цврста храна (сендвичи, јаткасти плодови, суво овошје), а препорачуваат и електролити (препорачано).
„Почитувај ги насоките на организаторите. Да се движиме, да дишеме, да живееме!“, посочува УСС-УКИМ
Целосната програма:
08:30 – 09:00 → Собир пред ООУ „Кочо Рацин“
09:00 → Тргнување преку Словенска патека
09:45 – 10:00 → Пауза на Средно Водно
10:00 – 10:45 → Едукативно предавање
11:00 → Поаѓање кон Врв Водно
Повеќе за начинот на пријавување ТУКА.