• Youtube
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
Радио МОФ
Мени
  • Вести
    • Вести
    • Граѓани
    • Образование
    • Култура
    • Музика
    • Кампањи
    • Наука
    • Shqip
    • Лабаво
    • Став
    • За Вас
  • Видео
  • Подкасти
  • #МЛАДИ
  • Образование
  • Култура
  • Анализи
  • Истражувања
  • Shqip
  • #МладинскиГлас
Се наоѓате на:Дома»Вести»yugo.logo – изложба на симболи од југословенскиот дизајн во Битола

yugo.logo – изложба на симболи од југословенскиот дизајн во Битола

31/08/2023 - 9:32 Вести, Култура

Со изложбата yugo.logo, проект на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ, Europe House Битола ќе ја започне септемвриската културна програма.

На 4 септември, автентичната изложба на графички симболи која брои 460 дела, ќе биде отворена за јавноста.

Авторот вели дека кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски.

„Изложбата ќе ја отвори професорот Костадин Танчев – Динка, кој во својот богат и разновиден творечки опус создава и многу графички симболи кои и ден денес се препознатливи и функционираат во нашата земја. Грбот на Битола е еден од нив“, велат од Europe House Битола.

Оттаму дополнуваат дека проектот yugo.logo има за цел да ги истражи, дигитализира и архивира овие знаци со цел да му послужат како инспирација на новите генерации, истовремено и да им се даде почит на пионерите на дизајнот на овие простори.

Графичкиот знак нема оригинал, материјал и големина. Секој еден е оригинал и се изработуваат од секакви материјали и во секакви големини. Знакот е потпис, па затоа авторот не го потпишува. Конструкцијата на знакот е негова графичност со која се овозможува тираж (умножување, зголемување, смалување). Знакот е збиена приказна, понекогаш и неколку различни приказни, кои се сведуваат на еден краток збор. Зборот се претвора во слика која ја читаме со еден поглед: побрзо ја гледаме и запомнуваме отколку што ја разбираме. Знакот е поубавиот дел од приказната. Секој знак е една нова љубов, а за љубовта се сонува и се размислува на јаве, сè се меша и затоа не се знае како настанува знакот. Знакот е лесна мака.
Милош Ќириќ – извадок од книгата „Графичка идентификација“, Белград, 1981 година.

  • Tweet
  • Share 0
  • Reddit
  • LinkedIn 0

МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групна изложба во МКЦ Галерија од 14 април „Архетипови“ – Изложба на дигиталните графики на Билјана Билбилоска „Персонификација“- изложба на Стефан Јакимовски во Струмица Изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пикасо во Галеријата „Остен“
  • Популарно

    • Most Viewed
    • Студентите во Србија повикаа на масовен прекин со работа
    • [Фото] По 11 години граѓанска заложба, Битола доби велосипедски патеки од 5 километри
    • „Скопје: Сензорен град“ - Мултисензорна изложба за телесно, емоционално и критичко доживување на урбаното секојдневие
    • Објавена целосната програма и редоследот за настапи на „Д Фестивал“
    • Јулска филмска ризница во Кинотеката: Класици и современи гласови што одекнуваат низ времето
    • НОВО
    • За Вас
    • Lajme në gjuhën shqipe
    • 01/07/2025 0 „Нека културата нè води напред“ – европскиот културен сектор бара зголемен буџет од ЕУ
    • 01/07/2025 0 [Фото] По 11 години граѓанска заложба, Битола доби велосипедски патеки од 5 километри
    • 01/07/2025 0 Студентите во Србија повикаа на масовен прекин со работа
    • 01/07/2025 0 Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски
    • 01/07/2025 0 [Галерија] Младите и културата на „Битола отворен град 2025“
    • 17/06/2025 0 Наградата за младинско учество се враќа, пријавувањето трае до 30 јуни
    • 13/06/2025 0 „БЕСТ Скопје“ организира летен академски курс за роботика „Powerpuff Robots: Circuits, Sparks and Everything Smart“
    • 16/05/2025 0 Отворен повик за млади за работилница во склоп на „Drim Short Film Festival“
    • 06/05/2025 0 МОН распиша конкурс за есеј за основци и средношколци по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик
    • 25/04/2025 0 Повик за бесплатна менторска програма за млади фотографи
    • 19/06/2025 0 Млади правници започнуваат иницијатива за унапредување на правдата за децата во Македонија
    • 17/06/2025 0 Наградата за младинско учество се враќа, пријавувањето трае до 30 јуни
    • 14/06/2025 0 ЗНМ: Новинарството не е злосторство – Стоп за SLAPP тужбите
    • 13/06/2025 0 Граѓански иницијативи: Изборниот законик стана оружје против независните
    • 12/06/2025 0 Министерството за здравство три месеци не одговорило на барањата на дијабетичарите, сега се обраќаат до новиот министер
  • Радио моф на FACEBOOK

    Радио МОФ
  • Радио МОФ на TWITTER

    Tweets by @RadioMOF
  • Радио МОФ на Instagram

    View this post on Instagram

    A post shared by Instagram (@instagram)

    Powered by embedinstagramfeed & the impossible quiz 2 question 7
  • За нас
  • Програма
  • Импресум
  • Контакт
Радио МОФ е непрофитен медиум. За да ви обезбедиме објективно и професионално информирање добиваме поддршка од повеќе организации. Содржините објавени на медиумот не ги изразуваат нивните ставови или ставовите на Младински образовен форум и се професионални медиумски содржини креирани од редакцијата на Радио МОФ.