[Галерија] Фотографии комбинирани со Фотошоп како излез од реалноста

Хејли Робертс е наградувана фотографка и креативен „фрик“ за Фотошоп. Таа го основаше Creative Photo Folk – интернет заедница што си помага меѓу себе да се совлада уметноста на фотографирањето, a истовремено преку уредување и употреба на забавни проекти.

„Креативната фотографија ми даде начин да се извлечам од овој свет и да влезам во волшебните светови за кои сонувам. Претходно никогаш не верував дека сум креативна личност, но овие алатки ми дадоа начин да ги изразам работите што ги чувствувам. Никогаш не сум имал успех во цртање или сликање. Но, со вистинскиот медиум сите можеме да создадеме неверојатни работи. Ако не сте го нашле вашиот медиум, се надевам дека ќе го најдете!“, вели Робертс.

Таа посочува дека се научила себеси на фотографирање и на Фотошош преку користење забавни и имагинативни алатки.

Ова се дел од нејзините креации, објавени преку BoredPanda: