Шестиот број од книжевниот билтен „Побуњено читам“ е посветен на македонската книжевност

Во печат излезе шестиот број на билтенот #Pobunjenočitam, посветен на македонската книжевност.

Билтенот е во издание на српска „Буквица“, а во соработка со „Коалиција Маргини“, а овој број содржи книжевни критики, репортажи и интервјуа автор(к)ите од нашата домашна книжевна сцена. Билтенот е во издание на Bookvica со кои партнерски соработуваме на проект за регионална промоција на македонската книжевност.

Билтенот е бесплатен, а примероци во Скопје можат да се најдат во кафе-книжарницата „Буква“, кафулето „Горки“, книжарницата „Или-Или“, „Литература.мк“ (Буњаковец), „ТРИ“ (Дебар Маало), како и на повеќе локации во Белград.

Билтенот на македонски јазик ќе биде достапен и електронски на порталот okno.mk, а текстовите може да се најдат на српски јазик.

Билтенот е продукт од проектот „Pobunjeni makedonski glasovi – Inside/Out magazin“ реализиран преку проектот на Регионалната мрежа за културна разноликост (READ). Содржината е одговорност на Бунтовни читателки и Коалиција Маргини.