Објавени листите со примени студенти во студентските домови

На веб-страната на Министерството за образование и наука (МОН) објавени се списоците од конкурсот за сместување во студентските домови за студенти од втора и повисоки години на студии во студиската 2022-2023 година.

Сместувањето во домовите Гоце Делчев и Стив Наумов започнува во петок, 9 септември, во 9 часот наутро.

Од МОН истакнуваат дека приговорите по однос на резултатите се доставуваат преку електронската адреса studentski.smestuvanja@mon.gov.mk во рок од 5 дена од денот на објавата на резултатите.

Списоците од конкурсот се достапни ТУКА.