Пет жртви на протестите во Бејрут поради бавната истрага за експлозијата на пристаништето

Пет лица загинаа во вооружените пресметки кои избија во Бејрут за време на протест на кој се бараше разрешница на судската истрага во минатогодишната експлозија на пристаништето во градот.

Министерот за внатрешни работи на Либан го потврди бројот на жртвите, а во престрелките биле ранети уште десетици други граѓани, пренесе Гардијан.

Протестите се предводени од членови на Амал и Хезболах, две доминантно шиитски политички партии чии лидери последниот период силно се спротивставуваат на начинот на кој судијата Тарек Битар ја води истрагата за експлозијата.

Судот утрово ја отфрли втората иницијатива за тргање на Битар истрагата, која за многумина Либанци се смета како пресудна за иднината на државата во која не е направен значителен напредок во утврдување на одговорните за една од најголемите индустриски несреќи во модерната историја.

На овој инцидент граѓаните гледаат како симбол на сè она што е лошо во либанската политика, тврдејќи дека државата е доведена до банкрот поради корупцијата на политичарите.

Во катастрофалната експлозија на 4-ти август 2020 година, предизвикана од палење на 2,750 тони амонимум нитрат за полнење на оружје, беа усмртени 215 луѓе, уништено скоро целото пристаниште и голем број од околните згради. Овој инцидент поттикна граѓански револт за одговорност на политичката елита во земјата.