Најмалку 100 жртви и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Во експлозијата во Бејрут настрадале најмалку 100 луѓе, а повеќе од 4.000 се повредени, соопштија од либанскиот Црвен крст, пренесува српски „Данас“.

Како што наведува „АП“ станува збор за најсилната експлозија во градот кој ја претрпел граѓанската војна, судирите со Израел и терористички напади.

View this post on Instagram

Огромна експлозија близу центарот на либанскиот главен град Бејрут денеска усмрти најмалку 10 лица, а стотици се повредени, пренесуваат медиумите. Од експлозијата во градското пристаниште се скршија прозорци и паднаа балкони од околните згради. Експлозијата се случува во период кога треба да биде објавена пресудата за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири. Видео: Benny Johnson/Twitter #instanews #radiomof

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

На пристаништето во Бејрут вчера експлодирале 2.750 тони амониум нитрат, објави премиерот Хасан Дијаб.

„Неприфатливо е товарот на амониум нитрат кој е проценет на 2.750 тони, шест години да се наоѓа во магацин, без никаков надзор“, изјави Дијаб вчера на итниот состанок на врховниот совет на одбрана.

„Тоа е неприфатливо и по тоа прашање не можеме да молчиме. Нема да застанеме додека не ја најдеме личноста одговорна за тоа што се случило“, додал тој.

Врховниот совет за одбрана и порачал на владата да прогласи вонредна состојба од две недели во Бејрут. За време на тој период, „врховната воена власт ќе ги има сите овластувања во врска со безбедноста“, се наведува во соопштението од седницата на врховниот совет за одбрана.

Владата денеска за кога е најавен и ден на жалост поради жртвите и повредените, треба да одржи итен состанок.