„АртАреа 5“ во „Буква“ од 14 до 19 септември  

Во кафе-книжарницата „Буква“ од 14 до 19 септември ќе се одржува петтото издание на книжевниот фестивал „АртАре“, чиј организатор е издавачката куќа „Бегемот“.

Фестивалот е под покровителство на Креативна Европа – Култура и Министерство за култура, а партнери се кафе-книжарница „Буква“, „Стрип квадрат“, „Бункер“, „Чудна шума“.

Во продолжение ви ја претставуваме целосната програма за фестивалот:

ВТОРНИК, 14 СЕПТЕМВРИ
20:00 – Промоција на збирката раскази „Утрото на бессоните“ од Андреј Ал-Асади (Наше маало, Бегемот) · Промотор: Исток Улчар.

СРЕДА, 15 СЕПТЕМВРИ
20:00 – Промоција на збирката есеи „Интелектуалци, политика, култура“ од Данило Коцевски (Перископ, Бегемот) · Промотор: Владимир Мартиновски · Соговорници: Јана и Огнен Коцевски.

ЧЕТВРТОК, 16 СЕПТЕМВРИ
18:00 – Промоција на сликовницата „Розовата планета“ / „Planeti Rozë“ од Мирко Попов и Нита Муча (Чудна шума), како и на истоимената музичка компилација.

20:00 – Промоција на збирката раскази „Во кратки црти“ од Сања Михајловиќ-Костадиновска (Наше маало, Бегемот) · Промотор: Иван Шопов.

ПЕТОК, 17 СЕПТЕМВРИ
20:00 – Промоција на збирката раскази „Престапни години“ од Оливера Ќорвезироска (Наше маало, Бегемот) · Промотор: Владимир Мартиновски.
22:00 – „Правда за кратката проза“ (вечер на кратки раскази) · Конферансие: Иван Шопов.

САБОТА, 18 СЕПТЕМВРИ
20:00 – Гостување во Скопје и разговор во живо со авторите Миљенко Јерговиќ (Хрватска) и Алек Попов (Бугарија) · Промоција на збирките раскази „Иншала, Мадона, иншала“ и „Митологија на транзицијата“ (Аквамарин, Бегемот) · Соговорници: Ѓоко Здравески и Душко Крстевски.
21:30 – Видеообраќање на Драго Јанчар (Словенија) по повод македонскиот превод на збирката „Џојсовиот ученик“ (Аквамарин, Бегемот).
22:00 – Џез концерт на „Летечки пекинезери Дуо“.

НЕДЕЛА, 19 СЕПТЕМВРИ
11:00–23:00 – Изложба на табли од македонски стрип автори.
12:00 – Стрип работилница за млади со Никола Темков и Игор Јовчевски (Стрип квадрат).
13:00 – Мал саем на македонски стрип изданија.
19:00 – Претставување на стрип издавачите „Стрип квадрат“ и „Бункер“.
20:00 – Промоција на изданието „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли (Плочка, Бегемот) · Промотор: Јован Битољану · Соговорник: Ѓорѓе Јовановиќ.
21:00 – Проекција на анимираните филмови „Хансел и Гретел: вистинска приказна“ и „Човекот што не сакаше да умре“ од Гоце Цветановски · Најава на долгометражниот анимиран филм „Jon Vardar vs the Galaxy“ и разговор со авторот.

Покровители: Креативна Европа – Култура, Министерство за култура на РСМ
Партнери: Кафе-книжарница „Буква“, „Стрип квадрат“, „Бункер“, „Чудна шума“.
Место на одржување: Кафе-книжарница „Буква“