Поради карантинот во Виетнам постојат проблеми со снабдувањето со кафе во светот

Долготрајниот карантин во најголемиот виетнамски град Хо Шо Мин може да нанесе нов удар врз веќе намалената глобална понуда на кафе, пренесува „Индекс“.

Хо Ши Мин е централната точка на извозот на Виетнам, а градот е под строги ограничувања за патувања по зголемувањето на бројот на новозаразени со делта сојот на коронавирусот.

Виетнам е голем извозник на робуста, сорта кафе кое се користи за производство на инстант кафе и некои мешавини на еспресо. Цените на големо на робуста во зрно годинава пораснаа за околу 50 отсто.

Блокадата на Хо Ши Мин е само најнов во низата проблеми за виетнамските извозници, која се надоврзува на недостатокот на контејнери.

Градот и неговите пристаништа се клучен дел од глобалната поморска мрежа што ја поврзува Кина со Европа.

Виетнамското здружение на производители на кафе и како и други организации ја повикаа Владата да ги ублажи ограничувањата за да се избегне понатамошно одложување на испораката и придружните трошоци.

Проблемите со кои се соочуваат виетнамските производители се само најнови во серијата проблеми што ја мачат индустријата за кафе.