Две години затвор наместо условна казна за виновникот за сообраќајката кај „Млечен“ во Скопје

Наместо условна казна, Апелационот суд во Скопје ја преиначил пресудата за сообраќајката кај „Млечниот ресторан“ во Скопје која се случи во октомври 2018 година и виновникот доби две години затворска казна и две години забрана за управување возило. Ова го соопшти на Твитер, Наташа Димитриевска која во сообраќајката го загуби сопругот и нејзиниот плод, а и самата имаше тешки телесни повреди.

https://twitter.com/napostoloska/status/1359211215604641801?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1359211215604641801%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Ftop%2Fd0b0d0bfd0b5d0bbd0b0d186d0b8d198d0b0-d198d0b0-d0bfd180d0b5d0b8d0bdd0b0d187d0b8-d0bfd180d0b5d181d183d0b4d0b0d182d0b0-d0b2d0b8d0bdd0be%2F

Истовремено, ваквата одлука ја потврди и министерот за правда Бојан Маричиќ во гостување на телевизијата „24“.

На 4 септември минатата година Основниот суд во Скопје му изрече условна казна на виновникот. Основното јавно обвинителство потоа до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата, кои тогаш побараа затворска казна за обвинетиот, додавајќи дека првостепениот суд ставил акцент на олеснителните наспроти отежнителните околности при носење на пресудата.

Кон крајот на декември, во Скопје беше одржан и протест поради условната казна за виновникот, кој гласеше „Правда за Гоце“.

Поводот за протестот беше последната одлука на Советот на јавни обвинители кои не нашле вина кај обвинителката што го водеше случајот пред судот.