Мими е првото куче од прифатилиштето на ЈП „Лајка“, кое си го најде својот дом. Вистински љубител на кучиња си го пронајде својот иден миленик и веќе ја запозна Мими со своето идно семејство, соопштија од скопското прифатилиште.
По згрижувањето во „Лајка“ Мими ги поминала сите третмани: крвно испитување, негативен тест на лишманија по акредитирана метода, негативен 4D тест, стерилизација, вакциниција од беснило и заразни болести. Кучето исто така има стекнато хигиенски навики и одличнo се сложува со другите кучиња.
„Оваа слатка убавица мала по раст е само една од изборот на кучиња спремни за вдомување во прифатилишето на ЈП Лајка, кои со нетрпение чекаат да го најдат својот иден вдомувач“, велат од „Лајка“.
Оттаму укажуваат дека сите кучиња кои се згрижени во стационарот, а за кои нема да се јави вдомувач, по третманот ќе бидат вратени на улица.
Шест кучиња од „Лајка“ чекаат посвојување или ќе бидат вратени на улица