Општина Карпош постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, со цел да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно – образовните установи.
Ваков тип на сигнализација беше поставена пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, пред ООУ „Владо Тасевски“ во Козле, како и пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во населбата Владо Тасевски.
Столпчиња треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот, да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта.
„Општината, го подигна нивото на безбедност пред образовните установи, поставувајќи обични и интелигентни „лежечки полицајци“ и метални бариери. Од минатата учебна година, во сите основни училишта беше ангажиран дел од кадарот, со помош на сообраќаен знак, да го регулираат сообраќајот на локалните улици пред почетокот и на крајот на наставата“, велат од Општина Карпош.
Од локалната самоуправа најавуваат дека ќе постават вакви заштитни столпчиња и пред другите училишта.