За првпат, Скопје ЗОО ќе биде дом на арктички бели волци.
Според најавата на Зоолошката градина, овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваат во Скопје да пристигнат следниот месец.
„Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите“, соопштуваат од Зоолошката.
Инаку, пред неколку денови, откако Зоолошката повторно ги отвори вратите за посетителите под одредени услови за превенција од коронавирусот, во Градината беше отворено ново живеалиште за фламинга. Се работи за мала лагуна со површина од 40 квадратни метри и тераса од 120 квадрати. Во делот кај егзотичните фламинга има зеленило, езерце и посебен дел за храна.