 Во име на сите семејства по улиците на Загреб денеска по 12-ти пат ќе се оддржи парадата на гордоста. Парадата под боите на виножото започнува во 14 часот на плоштадот на жртвите од фашизмот.
Во име на сите семејства по улиците на Загреб денеска по 12-ти пат ќе се оддржи парадата на гордоста. Парадата под боите на виножото започнува во 14 часот на плоштадот на жртвите од фашизмот.
„Ова е земја на сите нас – и на трансексуалците и на бисексуалците, на хомосексуалците, на лезбејките, на традиционалните семејства и на оние кои тоа не се“, вели еден од организаторите на парадата, Марко Јурчиќ.
Организаторите од владата бараат до крајот на годината да донесе закон за животно партнерство. „Пораката е: Остануваме, не се откажуваме. Ќе се залагаме и ќе се бориме за еднаквост на сите луѓе, кои веруваат дека во ова земја секој има еднакви права и можности за реализиција на својата среќа и благосостојба, заштитени од политичките иницијативи за поделба на хрватските граѓани“, вели Јурчиќ, пренесува Index.hr
Маршот започнува од Плоштадот на жртвите од фашизмот, преку главните улици на Загреб, а централна прослава е на Зрињевац, каде ќе бидат доделени награди за хомофрендови и хомофоби, како и ЛГБТ лице на годината.
 
						 
								