Група активисти се пуштија во нова уметничка акција и среде центарот во Скопје поставија две огромни папучи на кои пишува „Седи дома“.
Активистите објаснуваат дека акцијата „Седете дома“ е намента да им помогне на граѓаните да истраат во физичката излолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови, кога, велат тие, изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.
„За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома, но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој кој безпоговорно ги следи наредбите и советите, а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно“, соопштуваат активистите.
Тие потенцираат дека со оваа акција, како и со предходната акција („Држете дистанца“), сакаат да ги охрабрaт граѓаните да издржат во оваа за сите многу важна битка, но и да покажат дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидат сплотени за да си го вратиме животот во нормала.
„Како и предходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре на сите нас. Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори“, соопштуваат артивистичката група на активисти.