Нуркачот Никола Паскали продолжува да собира колекција за „апартманот“, со предмети пронајдени на дното на најголемото национално езеро, заштитено под УНЕСКО.
По старата када, вреќата со плочки, бојлерот, фенерот, правосмукалка и пералната, сега нуркачот од нуркачкото друштво „Акватек“ во Охридското езеро пронајде и мијалник.
„Продолжуваме со доопремување на апартманот… Умивалникот е лоциран на длабочина од 5 метри, над Мостот на Желбите, изваден и депониран на соодветно место. Со мојот пријател Џејмс Милер од Велика Британија. Поздрав“, пиша Паскали на Фејсбук.