[Фото] Пронајден и мијалник под Мостот на желбите во Охридско езеро

Нуркачот Никола Паскали продолжува да собира колекција за „апартманот“, со предмети пронајдени на дното на најголемото национално езеро, заштитено под УНЕСКО.

По старата када, вреќата со плочки, бојлерот, фенерот, правосмукалка и пералната, сега нуркачот од нуркачкото друштво „Акватек“ во Охридското езеро пронајде и мијалник.

„Продолжуваме со доопремување на апартманот… Умивалникот е лоциран на длабочина од 5 метри, над Мостот на Желбите, изваден и депониран на соодветно место. Со мојот пријател Џејмс Милер од Велика Британија. Поздрав“, пиша Паскали на Фејсбук.