Оваа сабота (4 мај) во Социјалниот центар „Дуња“ се организира пролетен бесплатен пазар (размена на работи).
„Донесете облека што не ви треба (максимум 10 парчиња) и останати работи кои може да ги размените – земете си колку сакате (не мора ни да носите ако немате што :) ). Електрични апарати и тешка опрема не прифаќаме“, соопштуваат од „Дуња“.
Од таму потенцираат дека се’ што ќе се донесе, а нема да се земе, односно ќе остане до крајот на настанот, повторно ќе биде донирано.
Бесплатниот пазар во СЦ „Дуња“ ќе се одвива од 14 до 17 часот.