„Сакаме похумано општество со почитување на различностите“ е пораката која денес ја испрати иницијативата „5 до 12“ пред Собрание.
Се боревме
Се бориме
И ќе се избориме за децата и возрасните со посебни потреби или инвалидитет pic.twitter.com/mOdzKjcuTc
— Зоран Мијалков (@Zoran_Mijalkov) April 20, 2019
Иницијативата „5 до 12“, се бори за унапредување на правата на лицата со посебни потреби. Првиот камп во кој престојуваа лица со посебни потреби и нивните семејства во паркот спроти Собранието го постави на 20 април 2017 година. Се работеше за здружена акција на повеќе организации, претежно од Штип, но и од Скопје кои, револтирани од односот на државата кон оваа категорија граѓани, решија да го привлечат вниманието и јасно да ги претстават нивните барања на јавноста и институциите.