Антонија, Зорица и Нина се вратија со бројни награди од Европското првенство во танц во Русија

Скопското балетско студио „Арт балет“, под раководство на балерината Тамара Ѓурчиновска, се закити со 5 награди на Европското првенство по танц во Москва, кое се одржуваше од 15 до 17 март.

Младите Антонија Атанасова, Зорица Тасевска и Нина Димитриоска се вратија со три први места, едно второ место и едно трето место во категориите класичен, модерен и џез балет, како и акробатика.

На Европското првенство учестваа 22 држави, каде учесниците беа оценувани од врвни професионалци од областа на танцот од сите танцови стилови.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.