Со Индекс за квалитет на воздухот 217, Скопје утрово беше најзагаден град во светот. Податоците објавени на страницата „AirVisual” покажуваат дека по Скопје се најдоа градовите Лахоре од Пакистан и Дака од Бангладеш.
Според мерните станици на Министерството за животна средина, утрово највисока концентрација на штетните ПМ10 честички има во скопската општина Карпош- 214 мг на метар кубен или четири псти над максималните граници. Ноќеска највисокои концентрации беа забележани во Центар со 371 на метар кубен, или седумпати над дозволеното. Мерните станици Лисиче и Гази Баба се уште не работат.
Сериозно аерозагадување има и во Струмица и Тетово.
Инаку Скопје и ноќеска беше најзагаден град на светот, со Индекс на квалитет на воздухот 266. Друштво му правеа Лахоре од Бангладеш и Делхи од Индија.