Европскиот совет и Парламент вчера постигнаа привремен договор со кој се воведува задолжително породилно отсуство за татковците (или „вторите родилите“ опфаќајќи ги и истополовите парови) од најмалку десет дена во европските држави.
Во дел од нив, мажите се уште не добиваат отсуство по раѓањето на детето и најголемиот терет паѓа на мајките. Иако, во некои држави ваквата пракса веќе е дел од нивното национално законодавство.
Друг проблем е тоа што изразот „вторите родители“ нема да важи во државите кои не го признаваат истополовиот брак.
Според договорот, ќе има најмалку 4 индивидуални месеци породилно отсуство, од кои два не смеат да му бидат префрлени на другиот родител. Причината за ова е бидејќи најчесто се префрла кон мајката.
Целта на договорот е да им се олесни на вработените родители да постигнат и во професионалните, но и во личните обврски.
Today is a great day for all European families as we reached an agreement on several new rights on #WorkLifeBalance:
🔵 10-day paternity leave
🔴 4 months of parental leave
⚫ flexible working arrangements
⚪ 5-day carer’s leave @mariannethyssen 🇪🇺 pic.twitter.com/NMOXvBpsHR— David Casa (@DavidCasaMEP) January 24, 2019
„Новата директива ќе ги охрабри мажите и жените да земат еднаков удел во одговорностите поврзани со семејството. Новите правила, исто така, треба да го зголемат користењето на отсуствата поврзани со семејството и флексибилни работни обврски од страна на мажите, што ќе им олесни на жените да останат на пазарот на трудот. Родителите и негувателите ќе можат подобро да го усогласат својот професионален и приватен живот, а компаниите ќе имаат корист од повеќе мотивирани работници“, се вели во соопштението на ЕУ.
Договорот сé уште треба да биде одобрен од страна на земјите-членки.