[Аудио] Третата епизода на емисијата „Приказните на бегалците“

Оваа среда (09.05.2018) во 14 часот, на Радио МОФ ќе ја слушнете третата епизода од емисијата „Приказните на бегалците“ со Нина и Мрв како водители.

Во третата епизода од емисијата гостуваат Јасмин Реџепи од невладината организација Легис, кој зборува за неговото искуство во работата со мигрантите и бегалците, и Александра Ефремова од Македонското здружение на млади правници, која зборува за правната рамка за барање на македонско државјанство. Во рубриката Читачка проба, ќе имате можност да ја слушнете вистинската приказна на Тарек, бегалец од Сирија.

На секои две недели во емисијата зборуваме за теми како човекови права, антидискриминација, антиксенофобија, миграција, интернационална заштита и предизвиците со кои се соочуваат бегалците. На следниве линкови можете да ја најдете првата и втората епизода од емисијата.

Проектот „Приказните на бегалците“, во чии рамки е и оваа емисија, поврзува два различни пристапи за создавање на разбирање меѓу младите во земјата за незавидната ситуација на бегалците. Еден пристап е оној на градење на знаења и информации, разбирање на правната рамка и правата. Другиот е создавање на врски и градење емпатијата. Овие пристапи ќе се практикуваат преку директно работење со млади луѓе и јавен настан во кој ќе учествуваат, како и преку поголем опсег на информирање преку медиумски содржини.

Слушајте нè!

Овој проект е имплементиран од Младински образовен форум со поддршка од проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија“ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.