Утре на Плоштадот Македонија започнува новогодишниот базар под мотото „Улицата на радоста” кој на посетителите ќе им понуди рачно изработени предмети, пригодни подароци, топли напитоци, вкусна храна и уште многу други содржини, информираат од Град Скопје.
Од 28 декември, на најрадосната улица најмладите посетители ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија” и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.
И годинава, на 31 декември точно во 12 часот на пладне, традиционално Дедо Мраз ќе пристигне на Плоштад Македонија.
„Ги повикуваме сите наши сограѓани и оние што ќе престојуваат во Скопје за празниците да не посетат на „Улицата на радоста” и да ја почувствуваат новогодишната магија“, соопшуваат од Градот.