Американската астронаутка Пеги Витсон вчера успешно се врати на Земјата, откако го сруши рекордот за најдолго време поминато во вселената на едно патување.
Леталото Сојуз МС-04 слета безбедно близу до Жезказган, Казахстан вчера, а заедно со Витсон се врати и командантот Фјодор Јуричикин од Роскосмос, како и инженерот на НАСА Џек Фишер.
Откако помина 534 дена, два часа и 49 минути во вселената, Витсон официјално го сруши претходниот рекорд на Џеф Вилијамс. Вкупно, Витсон поминала 665 дена во вселената, што според НАСА ја става на осмото место на вкупно престојување надвор од Земјата.
Слетувањето на тројцата астронаути беше пренесувано во живо на Јутјуб, по што сите тројца беа покажани во својата опрема, како се одмараат и го дишат воздухот на Земјата за прв пат после месеци.