„Хемиски спектакл“ – креативен час по хемија на професори и студенти од Природно-математичкиот факултет

Групата „Среќни хемичари (THC)“ и групата „(Не толку) среќни хемичари“ ќе одржат уште еден креативен час по хемија. „Хемискиот спектакл“ годинава ќе се одржи во четврток (22 декември) со почеток во 18 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Бидете подготвени за уште една одлична хемиска забава од серијата спектакли во кои учествуваат „(Не толку) среќните хемичари“ во добро познатиот состав. Следува 90 минутна хемиска претстава исполнета со многу театралност, оригиналност, возбуда и хемиска магија пренесена преку експерименти со кои „(Не толку) среќните хемичари“ оставија длабока трага во историјата на Институтот“, се вели во поканата за настанот.

Креативниот час по хемија е исполнет со знаење, вметнато во шеговити приказни. Во продолжение, погледнете како тоа изгледаше минатата година.

[Видео] Од студентите на ПМФ за средношколците – креативен час по хемија