Штафетата за палење на олимпискиот пламен беше прекината од наставници кои штрајкуваат, откако беше внесена во Рио де Жанеиро. Видео снимка од демонстрациите покажува дека пламенот бил изгаснат, а атлетичарот кој го носел бил однесен на безбедно.
Инцидентот предизвикал привремено стопирање на церемонијата и неколку атлетичари да се откажат од штафетата. Демонстрантите фрлале со камења кон автомобилите, а полицијата одговорила со солзавец и спреј за самоодбрана. За да одбегнат понатамошни проблеми, маршрутата била сменета и штафетата скратена.
Портпарол на Олимписките игри во Рио, Филип Вилкинсон, објаснил дека има резервни осум факели. „Факелот често се гасне и повторно се пали. Но, пламенот никогаш не згаснува“.
Демонстрацијата била организирана од наставници на штрајк, кои протестираат бидејќи не добиле плата два месеци. Причина за тоа е празната каса на државата Рио, која речиси банкротираше токму поради Олимписките игри.