„90 години од раѓањето“ – јубилејна изложба на дела на сликарот Иван Велков

Утре (4 март) во НУ Национална галерија, (објект Чифте амам) со почеток во 12 часот, ќе биде отворена јубилејната изложба „Иван Велков, 90 години од раѓањето“.

На изложбата ќе бидат претставени 90-тина дела од сите творечки фази на Иван Велков, кои се дел од колекциите на Националната галерија, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, НУЦК „Антон Панов“, Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици на кои длабоко им благодариме за соработката.

Авторки на изложбата и текстот во каталогот се Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова, виши кустоси.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 30 март.