85% од луѓето се грижат поради дезинформациите, покажува глобална анкета

Над 85% од луѓето се загрижени за влијанието на дигиталните дезинформации, а 87% од анкетираните лица на глобално ниво веруваат дека дезинформациите влијаеле на државната политика.

Одри Азулеј, генералната директорка на Унеско, изјави дека дезинформациите и онлајн говорот на омраза, засилени од социјалните мрежи се голем ризик за „општествената кохезија, мир и стабилност“.

Регулатива е итно потребна „за да се заштити пристапот до информации… а во исто време да се заштитaт слободата на изразување и човековите права“, рече Азулај додека го презентираше „планот за управување“ за владите, регулаторите и социјалните платформи.

Глобалната анкета која била извршена за потребите на УНЕСКО во 16 земји со најавени парламентарни избори следната година, покажала колку е потребна ефективна регулација, сметаат од организацијата.

Анкетата била спроведена од страна на Ипсос, а во неа учествувале 8.000 луѓе од Австрија, Хрватска, САД, Мексико, Гана, Индија и Алжир, а според наодите, 56% од интернет корисниците кажале дека вестите ги добиваат од социјалните медиуми, додека 44% се изјасниле дека вестите ги добиваат од телевизиски канали или веб-портали (29%)

Социјалните мрежи се главен извор на вести во скоро секоја земја, иако вербата во информациите кои се читаат таму е значително помала од традиционалните медиуми.

Низ сите 16 земји, 68% од испитаниците кажале дека социјалните мрежи се извори на најраспространети дезинформации.

Анкетните наоди покажуваат и на широка распространетост на говорот на омраза. 67% од испитаниците кажале дека го забележале во својот интернер меур, а според 88% од испитаниците властите и регулаторите мораат да воведат мерки и за двата проблема.