807 новозаболени од коронавирусот и четири починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека последниве 24 часа регистрирани се 807 нови случаи на заболени со Ковид-19 од вкупно 3.312 направени тестирања.

Според градови, новозаболените се регистрирани во: Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Претходното деноноќие пријавени биле и вкупно 5 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (80г, 74г, 68г, 65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 314 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.

Направени се 3.312 тестови преку: ИЈЗ-755, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-291, Биотек-248, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина-273, лабораторија Лаор–265, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 990, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство денеска информираше и дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. Од Министерството велат дека до овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.

„Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар. Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот. Апелираме до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца“, велат од Министерството.