80 средношколци на камп за лидерство за девојки во Крушево

Младинската Асоцијација ИМКА Битола во соработка со американскиот Мировен Корпус, ќе го понудат нивниот годишен камп за лидерство на 80 средношколци од Македонија. Поддржани од над 30 волонтери и персонал, Кампот GLOW (Girls Leading Our World) ќе се одржи во Бегова Корија (Шула Мина) на планините во близина на Крушево од 22-29 јули.

Кампот GLOW (Girls Leading Our World) ги оспособува младите девојки преку рушење на културните бариери инспирирајќи ги да постанат лидери во нивните средини. Повеќе од 1.600 млади девојки имаат учествувано на Кампот GLOW од 2002 год. Кампот GLOW е мултикултурен лидерски камп дизајниран да промовира самодоверба, пријателство и учество во заедницата преку едукативни активности за недискриминација, уметност, кариерно планирање, животна средина, поставување на цели, мировна едукација, волонтеризам, женско здравје и многу повеќе.

Кампот GLOW е организиран со поддршка на ОКТА, Линкс Рисорсес (Рудник Саса) и други општествено одговорни компании, како и американската амбасада.

Повеќе информации на интернет страната на настанот.