80 новинари се убиени, 348 се во затвор, а 60 се заложници – извештај на „Репортери без граници“ за 2018 година

Вкупно 80 новинари биле убиени годинава, 348 се во затвор, а 60 се заложници, покажа годишниот извештај на Репортери без граници. Тој бележи најголем степен на непријателство кон медиумските работници.

Бројките се зголемени во сите категории. Убиствата, затворањето, заложништвото и насилните исчезнувања се зголемија. Новинарите никогаш порано не биле подложени на насилство како во 2018 година, стои во извештајот.

Бројката на убиени новинари се зголемила за 15 проценти – од 55 во 2017 до 63 година годинава, иако овој број се намалуваше во текот на претходните три години.

Убиството на саудискиот колумнист Џамал ​​Кашоги и младиот словачки новинар Јан Куцијак покажа до каде се подготвени да одат непријателите на слободата на печатот. Повеќе од половина од новинарите се намерно убиени во 2018 година.

„Насилството врз новинарите годинава достигна невидени нивоа и ситуацијата е критична”, вели генералниот секретар на „Репортери без граници“, Кристоф Делоар.

„Изразената омраза кон новинарите, а понекогаш и отворено прокламирана од бескрупулозните политичари, верски лидери и бизнисмени, има трагични последици на терен и се рефлектира во ова вознемирувачко зголемување на насилството врз новинарите“.

„Засилено од социјалните мрежи, кои имаат голема одговорност во овој поглед, овие изрази на омраза го легитимизираат насилството, а со тоа го поткопуваат новинарството и демократијата, по малку, секој ден”, додаде Делоар.

Зголемен бројот на притворени новинари или заложници

Авганистан е најсмртоносната земја во светот за новинарите во 2018 година, каде 15 загинаа. По него следуваа Сирија, со 11 загинати, и Мексико, најсмртоносната земја што е надвор од конфликтна зона, со деветмина новинари убиени во 2018 година. Фаталното убиство на пет вработени во весникот „Капитал Газет” во јуни ги вброи Соединетите Држави во најсмртоносните земји.

Бројот на уапсени новинари низ светот, 348, е зголемен од 326 во ова време лани. Како и во 2017 година, повеќе од половина од затворените новинари се задржани во само пет земји: Кина, Иран, Саудиска Арабија, Египет и Турција. Кина и понатаму останува најголем затвореник во светот на новинари, со 60 моментално кои се наоѓаат зад решетки, од кои три четвртини се непрофесионални новинари.

Бројот на новинари заложници во моментов е 60, или 11 отсто повисока бројка од лани, кога имаше 54. Сите освен еден се задржани во три земји од Блискиот Исток: Сирија, Ирак и Јемен. Бројката вклучува и шест странски новинари.

Малку се знае за судбината на овие луѓе, освен за јапонскиот новинар Џумпеј Јасуда, кој беше ослободен по три години заробеништво во Сирија. Украински новинар сè уште се наоѓа во затвор во самопрогласената „Донецка народна република”, каде властите го обвинуваат за шпионирање. „Репортери без граници“ регистрираше и три нови случаи на исчезнување на новинари во 2018 година, две во Латинска Америка и едно во Русија.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.