8 починати и 94 новозаболени од Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 94 нови случаи на Ковид-19 од направени вкупно 830 тестирања.

Статистиката по градови е: Скопје-49, Гостивар-13, Свети Николе-9, Штип-8, Тетово-6, Куманово-2, Струга-2, Кочани-2, Кичево -2, Прилеп-1.

Министерството информираше и дека изминативе 24 часа од вирусот починале 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години“, соопштија од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 42 оздравени лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 8.623,  бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619. Денес се евидентира еден конторлен тест и исправка за 4 оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 4083, активни 1823
•       Куманово 882, активни 214
•       Дебар 154, активни 92
•       Штип 492, активни 202
•       Прилеп 305, активни 56
•       Тетово 900, активни 291
•       Струга 342, активни 167
•       Велес 205, активни 31
•       Битола 84, активни 40
•       Охрид 229, активни 120
•       Кавадарци 27, активни 19
•       Гостивар 263, активни 168
•       Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
•       Струмица 24, активни 16
•       Крива Паланка 19, активни 8
•       Радовиш 15, активни 11
•       Крушево 12, активни 7
•       Кочани 80, активни 12
•       Пробиштип 39, активни 24
•       Демир Хисар 11, активни 10
•       Македонски Брод 9, активни 5
•       Пехчево 6, активни 1
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 9, активни 5
•       Свети Николе 156, активни 143
•       Кичево 88, активни 73
•       Ресен 139, активни 73
•       Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-140, Биотек- 0, МАНУ -27, Жан Митрев (Филип Втори) –150, Систина со PCR метода -102, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, КИБФС (Инфективна клиника) -100. Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Од Министерството за здравство информираат и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.