8 починати и 296 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 296 нови случаи на Ковид-19, при направени 3.480 тестирањa. Починати се 8 лица, а оздравеле 109 пациенти.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.

Од пријавените осум починати лица, 3 починати лица се од Гостивар (54г,69 и 78г), а по 2 лица починале во Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Сите починати лица се починати во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.

Во однос на тестирањата, досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестови на Ковид-19.