779 нови случаи на коронавирус, од следната недела најавени ковид-амбуланти во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 779 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 1.613 направени тестови.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 345, Битола – 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по 3, Пробиштип и Крушево – по 2, Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (779), регистрирани се 173 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати  во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема  регистрирани починати лица.

Регистрирани сe 477 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола и Куманово – по 33, Прилеп, Кавадарци и Тетово – по 22, Велес – 19, Струмица – 16, Охрид – 14, Гостивар – 9, Штип – 6, Кичево – 5, Кочани – 4, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод – по 3,  Демир Хисар, Берово и Кратово – по 2, Струга, Ресен, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.

Вчера од Комисијата за заразни болести соопштија дека засега не се размислува за воведување нови мерки против ширење на вирусот и дека епидемилошката состојба во болниците е стабилна. Од Комисијата информираа дека од следната недела треба да почнат со работа пет ковид-амбуланти на територијата на Скопје, кои, според нив, би ја намалиле оптовареноста на матичните лекари кои сега се најоптоварени во овој бран со коронавирусот.

Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353, а бројот на активни случаи изнесува 4.136.