74 филмски наслови на „Браќа Манаки“ во Битола

Фестивалот „Браќа Манаки“ ја објави програмата на 34. издание на фестивалот, која под мотото „Пушти ја светлината“ носи врвни 74 наслови од светската и македонската кинематографија меѓу кои 4 премиери, два кандидати за „Оскар“ и голем број наградувани филмови.ќ

74 филмски наслови на „Браќа Манаки“ во Битола

Во главната програма има 12 исклучителни филма. Новите визии претставуваат жестоки 6 проекти, документарната селекција носи 8 провокативни наслови, во натпреварувачката програма на краток филм – 9, четири филма се дел од омажот за Кирил Цаневски, 11 наслови ќе се „вртат“ во рамките на македонската панорама, 14 краткометражни проекти ќе се прикажат во програмата Short matters! на Европската филмска академија, а Вип операторот пред најмладите ќе прикаже бесплатно пет филмови за деца.

Покрај тоа ќе бидат проектирани два филма во чест на лауреатите Хосе Алкаин и Ањес Годар.

Централен настан оправдано се очекува да биде „Црно-бело со пијано“ каде заедно со Кинотека на Македонија првпат ќе бидат прикажани сите дигитализирани филмови од оставината на браќата Манаки во пијано придружба на групата Маротови.

34-то издане  на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември во Битола, а ќе се отвори со премиерата на филмот Соба со пијано на режисерот Игор Иванов.

Поради големиот интерес за „Соба со пијано„ обезбедена е и втора проекција од 23 часот на која пред публиката исто така ќе се поклони целата екипа.

Извор: МКД.мк