Денеска се навршуваат 71 година од раѓањето на фронтменот на групата „The Doors“, Џим Морисон. Тој почина на 27-годишна возраст, а причината за неговата смрт е наводно предозирање со хероин. Морисон беше познат по својата харизма, но и по консумирањето на алкохол и дрога.
Во 1971 година, Морисон го напушта бендот за да се посвети на пишувањето и се сели во Париз, каде после краток период умира.
Морисон заедно со бендот „The Doors“ се уште претставуваат култен бенд и симбол за рок музика.