70 проценти од училиштата во Србија утре на протест

Претставниците на просветниот синдикат утре организираат еднодневен предупредувачки штрајк и од него не планираат да се откажат и покрај денешниот закажан состанок со министерот за образование, пренесуваат српските медиуми.

70 проценти од училиштата во Србија на утрешниот протест

Прекинот на наставата беше објавен вчера од портпаролката на Унијата на просветни работници на Србија, Јасна Јанковиќ.

„Сметаме дека е беспредметно да се намалат платите, кои се веќе под просекот на јавните услуги и се значително под просекот на платите во јавните претпријатија“, рече Јанковиќ.

Унијата, Образовниот синдикат на Србија, Синдикатот на просветни работници на Србија и унијата на едукатори „Независност“ бараат платите на просветните работници да не се намалуваат откако тоа беше најавено во новите мерки за штедење.

Според портпаролката на Унијата, министерот за образование Срѓан Вербич, не е решението за овие проблеми бидејќи за тоа е задолжено Министерството за финансии и Министерството за државна администрација и локална самоуправа.

„Ако треба ќе штрајкуваме и понатаму бидејќи нема да дозволиме образованието што е веќе во апокалиптична состојба да биде уште повеќе омаловажено со намалувањето на платите“, рече Јанковиќ.

Просечните плати во јавните претпријатија се од 65 000 динари (543 евра), 56 000 (468 евра) во јавните служби, а во образованието е 43 000 (359 евра) динари.

 

Извор: Mondo.rs