70-годишна жена истрча 7 маратони на 7 континенти за 7 дена

Седумдесетгодишната Чау Смит досега истрчала четири маратони во пет недели, десет во рок од една година, а над 70 во целиот свој живот. Ова, сепак, не бил доволен предизвик за нејзе, па Смит си поставила нов предизвик – да истрча седум маратони, во седум дена, на седум континенти.

Во јануари, жената по потекло од Мисури ја исполнила својата цел.

Помеѓу 25 и 31 јануари, Смит трчала на маратони во Перт, Сингапур, Каиро, Амстердам, Гарден Сити, Пунта Аренас и островот Крал Џорџ. Секој ден, Смит се будела и трчала 42 километри. Потоа, со авион патувала кон следната дестинација за да го направи тоа одново.

„Таа не сакаше да објави пред да го направи тоа”, вели Стив Хибс, сопственик на компанијата „Маратонски авантури“, која ги организираше патувањата.

„Таа надмина многу, и беше навистина импресивно да се види како трча и го завршува настанот.”

Девет други луѓе и се приклучиле на Смит во трчање на сите седум континенти. И покрај тоа што учествувала на многу други маратони, тренингот за да трча на седум маратони по ред и одзел неколку месеци.

„Ми требаа осум месеци за навистина да трчам”, рече Смит. „Во последните четири месеци, јас навистина трчав долго. Секоја недела, трчав од 24 до 209 километри”.

Смит раскажува дека предизвикот воопшто не бил лесен. Во текот на нејзината прва трка во Австралија, морала да трча на температура над 100 степени, поради што добила сериозни изгореници.

Најголемиот предизвик за неа била трката во Каиро. Летот од Сингапур бил одложен во Абу Даби, така што тие пристигнале во Египет само неколку минути пред да почне трката. Но, бидејќи имала проблеми со клучот од својата соба, ги потрошила и тие десетина минути, па истрчала половина маратон за пет часа и 51 минута и со тоа добила право да учествува на сите седум трки.

Иако таа не сака да раскажува премногу за нејзините подвизи, сепак, ова не бил нејзиниот прв ектремен физички предизвик. Лани таа истрчала маратон во Танзанија, а следниот ден се искачила на Килиманџаро.

„Целиот мој живот правев луди работи“, рече Смир.

„Кога бев мала бев тврдоглаво дете. Моето семејство никогаш не знаеше што сакам да направам. Секогаш сакав да им покажам дека можам да го направам тоа, исто како момчињата“.

Смит почнала да трча маратони во Мисури, но брзо се приклучила на трки во други држави. Таа била дел од Бостонскиот маратон во 2013 година, но не успеа да ја заврши трката поради бомбардирањето. Но, затоа трчала следните две години.

Минатата година, Смит истрчала четири маратони во пет недели. Патуваше во Југоисточна Азија еден месец и истрча маратон во Мјанмар. Шест дена подоцна, таа истрча маратон во Нов Зеланд, а неколку дена потоа во Танзанија.

Родена во Виетнам, Смит се преселила во САД во 1972 година Таа поседува и работи бизнис за хемиско чистење во Индепендес, Мисури. И покрај тоа што работи долго, трчањето како што вели секогаш прави да се чувствува подобро.

„Јас живеам стресен живот. Секој ден, работам 10 часа на ден … но јас секогаш се чувствувам подобро”, рече Смит.