60 милиони причини за бојкот на кожа и крзно

60 милиони причини за бојкот на кожа и крзноПо повод први декември, Светскиот ден за заштита на животните искористувани за крзно, здружението Анима Мунди во недела од плоштадот „Македонија“, ќе се обиде да го привлече вниманието на јавноста во однос на злоуботребата на над 60 милиони животни кои се масакрирани само поради нивното крзно или кожа.

Како здружение-членка на интернационална алијанса за борба против искористување на животните за крзно Fur free Alliance, Светскиот ден ќе го одбележат заедно со бројни организации за заштита од животните од целиот свет.

„Прекрасни животни ја населуваат земјината топка, секое од нив различно по своите потреби, начин на живот, инстинкти – но секое чувствително, важно, драгоцено само по себе, како и за целиот еко-систем. Во овој миг, 60 милиони се изложени на несфатлива бруталност, се убиваат само поради човековата недоволна информираност, или пак суровост, алчност и површност – поради нивното крзно и кожа.

Додека ловењето животни во стапици сеуште постои, сепак 85% од крзното кое се користи доѓа од страотниот одгој на животни во фармите за крзно и кожа“, ужажуваат од Анима Мунди од каде додаваат дека со купување продукти од крзно и кожа човек плаќа и ја поддржува индустријата на суровост, убивање и насилство.

По бројни реакции на здруженијата за заштита на животни, Македонија прави историски чекор напред во однос на заштитата на животните одгледувани за крзно, а Агенција за храна и ветеринарство ги прифати барањата на Анима Мунди, Глас за животните, Мали Херои и ААПЖ за целосна законска забрана за одгој на животни за крзно.

„Ова не е камено доба – да бидеме посилни од суровоста! Да го разбудиме светот од крзнената заблуда! Да кажеме стоп за искористувањето на животните за кожа и крзно!“, стои во повикот за настанот