6-то издание на Добра идеја Фестивал во Кратово, Скопје и Тетово

Вечерва во Кратово со DJ Charlie започнува шестото издание на Добра идеја фестивалот во организација на здружението Култиватор кое ќе биде прикажувано онлајн, преку видео стрим, а е поделено на три дела во три различни градови и ќе трае до 12 септември.

Покрај музичкиот дел, денеска Култиватор во во Домот на културата во Кратово ја отвори и изложбата во чест на починатиот академски сликар Димитар Младеновски, на досега необјавени негови ликовни дела (цртежи), која ќе трае и во следните денови.

Фестивалот продолжува во среда (9 септември) во МКЦ – Скопје со Дина Јашари, My Tear и Pedro Horisonte. Добра идеја завршува во сабота (12 септември) во Студио М во Тетово со настап на Диџеј Перф.

Организаторите напоменуваат дека Фестивалот се организира по протоколите за Ковид – 19. со ограничен број на посетители, а за  останатите ќе биде обезбеден видео стрим од настапите.