53 нови случаи на Ковид 19 во земјата – во изминативе 24 часа направени се 697 теста

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во изминатите 24 часа потврдени се 53  нови случаи на Ковид-19. По градови, најмногу новозаразени има во Скопје – 13, по што следува Куманово – 9, на трето место Прилеп – 9, а по нив следуваат Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод – 2.

Покрај ова, денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 1170.

Како што информираат од МЗ, по завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово.

„Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0  и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода  – 61 . Досега во земјата се направени вкупно  11556 тестирања на Ковид -19. На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација“, информираат од МЗ.

Во ГОБ „8 септември“, пак, до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти, појаснуваат од МЗ.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера  е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти. Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови“, информираат од министерството.

По градови и број на заразени, актуелната ситуација со Ковид-19 е:
       Скопје – 401
       Куманово – 320
       Дебар – 51
       Штип-32
       Прилеп –112
       Тетово – 52
       Струга – 55
       Велес – 55
       Битола –17
       Охрид –7
       Кавадарци – 4
       Гостивар –12
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-4
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 26
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -2
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2

Од министерството дополнително информираа дека министерот Филипче денеска нема да ја одржува својата редовна прес-конференција.

На светско ниво, со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2,256,844 лица. Од нив, починати се 154,350, а излекувани се 571,851 лица.