428 уапсени за време на фестивал за електронска музика во Калифорнија

Од вкупно 67 195 посетители, 428 биле уапсени, а петмина биле примени во болница за разни причини за време на 21. издание на фестивал на електронска музика во калифорнискиот град Сан Бернардино.

Според полицијата, на првиот ден од фестивалот биле приведени 111 посетители, на вториот бројката се зголемила на 114, за на третиот финален ден да бидат приведени 176 лица.

Повеќето од приведувањата биле поврзани со алкохол и дрога, иако дел од луѓето биле приведени поради влегување без дозвола, навреда и тепачки, отпор при приведување, а имало и случај поради непристојно изложување. Шестмина од уапсените биле приведени бидејќи биле под 18 години.

Во полиција биле пријавени вкупно пет случаи за бучава за време на фестивалот од луѓето кои живеат во близина на амфитеатарот.

Минатата година, речиси 250 луѓе биле уапсени за време на овој фестивал, додека на сличен фестивал, кој се одржал во ноември, 26 лица биле однесени во болница, а 180 биле приведени.