408 новозаразени, четворица починати и 281 оздравен од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени нови 408 случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 227 случаи во Скопје, 34 во Тетово, 23 во Охрид, 18 во Струмица, по 15 во Штип и Велес, 12 во Куманово, десет во Битола, седум во Радовиш, по шест во Крива Паланка и Кичево, пет во Струга, по четири во Прилеп, Кавадарци, Кочани и Демир Хисар, три во Свети Николе, по два од Гостивар, Пехчево, Берово и Неготино и по еден случај е регистриран во Виница, Делчево и Ресен.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале четири лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 64 и 77 години, еден пациент од Ресен на 59 години и еден пациент од Битола на 76 години. Од нив, еден пациент е починат вон болнички услови, додека останатите починале во болница.

Институтот за јавно здравје регистрирал 281 оздравен пациент, односно, 148 од Скопје, 18 од Тетово, 17 од Штип, 16 од Прилеп, 12 од Струмица, девет од Гевгелија, по осум од Битола и Кавадарци, шест од Крива Паланка, по четири од Струга, Велес, Пробиштип, Кичево и Куманово, по три од Охрид, Гостивар и Кочани, по два од Радовиш, Валандово, Кратово и Свети Николе и по еден од Берово и Неготино.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 11 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 67 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се четири мајки позитивни на Ковид-19 и три деца и една мајка суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.140 теста.