40 отстo од луѓето купуваат ист бренд на автомобили како и нивните родители

40 отстo од луѓето купуваат ист бренд на автомобили како и нивните родители

Во детството се формираат афинитетите спрема многу работи, а едно интересно истражување на Универзитетот во Мичиген покажало дека ниту со автомобилите не е поразлично. Имено, дури 40 отсто од луѓето се одлучуваат да купат ист автомобилски бренд како што се возеле нивните родители.

Студијата спроведена од истражувачите од Универзитетот во Мичиген опфатила 4300 возачи и 2600 родители и се дошло до интересен податок дека дури 39 отсто од испитаниците купувале исти брендови на автомобили како и нивните родители.

„Во теорија овие податоци би можеле да го променат начинот на кој произведувачите на автомобили ќе ги наплатуваат и рекламираат новите модели,“ вели професорот Сорен Андерсон, кој го водел ова истражување.

Извор