40 организации добија речиси 500 000 евра од Владата за мерки за справување со Ковид-19 кризата

Помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе и сексуално насилство, борба против говор на омраза и криминал од омраза, како и помош на лица со посебни потреби, бесплатна правна и психолошка помош и поддршка за учениците за онлајн учење, се дел од предлозите за справување со Ковид-19 кризата кои добија средства од Владата.

40 здруженија и фондации добија финансиска поддршка од речиси 500 000 евра ( 29.519.495 денари) од планираните средства во Буџетот за 2020. Со нив, здруженијата и фондациите ќе може да финансираат програмски активности за преземање итни мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19.

Меѓу предлозите кои добија средства има две студентски организации. Асоцијацијата на студенти информатичари Скопје добиле средства за развивање на платформата Убавини.мк, додека Студентскиот парламент при Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство доби помош за услугата „Мој психијатар“.

Покрај ова, организациите кои добиле средства понудиле и психосоцијална помош за трансородови лица, подигнување на свеста за Ковид-19 со квалитетно новинарство, за образование на ромските ученици, анализи на политики кои се однесуваат на финансирање на локалната власт, развој на локалниот пазар преку градење на капацитети и онлајн алатки, но и помош и поддршка на жртви на семејно насилство во пост-кризен период и на бездомни лица.

Средствата кои ги добиле невладините варираат од 810 000 денари, до речиси 500 000 денари по предлог.

Целата листа на организации и фондации кои добиле средства е достапна на следниот ЛИНК.