„4 decks extravaganza” во сабота во Капан ан

„4 decks extravaganza” претставува несекојдневна месечна саботна „резиденција“ во клубот Капан Ан во старата Скопска Чаршија, каде музички се обединуваат драменбејс, хип хоп и фанк музиката.

Музиката редовно се презентирана истовремено од два диџеи на четири грамофони и две миксети, со многу скречување помеѓу. Резидент диџеи се D2 колективот: Darko Stepic, HyperTech, D.Lite, Puk`kah и HansSHC, кои воедно се и организатори на настанот, како и диџеите Drazi Drags и Oky Doky.

Покрај нив, на последното издание на оваа вечер како гостин настапи DJ Ilic. До сега „4 decks extravaganza” бележи 5 епизоди, а шестата по ред ќе се одржи во сабота, 9 мај во клубот Капан Ан.

Влезот од 22 часот, до полноќ е слободен. Билетите потоа чинат 100 и 150 денари.